Вардар заслужува многу повеќе: Половина од картите за дуелот со Зенит се уште не се продадени

by
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Вардар го направи најголемиот успех во својата историја откако избори пласман во групната фаза од Лига Европа. „Црвено-црните“ обезбедија европска есен, нешто што не му успеало на друг македонски клуб.

Почнувајќи од утре, Вардар ќе ги нагости Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг, се очекуваше полн стадион и прекрасна атмосфера, македонскиот шампион да има ветер во грб од своите навивачи, но продажбата на билетите не оди според планираното.

На еден ден пред натпреварот со Зенит, во продажба има уште повеќе од 15.000 влезници. Фудбалерите направија голем резултат, им овозможија на навивачите елитен европски фудбал, но голем дел од нив очигледно не им возвраќаат со купен билет за мечот.

Вардаровите херои заслужуваат полна арена и поддршка од навивачите кои со купена влезница и присуство на натпреварите треба да ја слават оваа најголема сезона во историјата на македонскиот клупски фудбал. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани