Стефан Ристовски
вечерва го забележа дебито во дресот на португалскиот гигант Спортинг Лисабон,
и тоа на гостувањето кај Олимпијакос (2-3) во победата на својот тим на стартот
од новата сезона од Лигата на шампионите.
Нашиот фудбалер
влезе во конфронтација со дел од челниците на својот поранешен клуб, хрватскиот
првак Ријека, пред се’ со
претседателот Дамир Мишковиќ, а обајцата разменуваа различни гледишта во случајот
со причините зошто Македонецот го напушти тимот ова лето.
Сепак, новата
изјава на Мишковиќ, во интервјуто за хрватското издание на фудбалскиот портал „Гол“ се
чини дека ја спушта топката со изјавите поврзани со Македонецот.
„Знаевме дека на
Гаврановиќ, Вешовиќ и Ристовски им истекуваат договорите… Можевме да им
кажеме ‘Ако не потпишете нов,
нема да играте!’, но тие беа
важни за Ријека, придонесоа за освојување на првенството и Купот, и мојата
одлука беше да продолжат со настапи за клубот“ вели Мишковиќ.
„Ристовски не
можев да го задржам, имаше прилика да остане, да го продолжи договорот, но го
разбирам, доби 5-6 пати поголема плата…“ додава Мишковиќ.
Извор: www.goal.com/hr