Ако сака да смени тренер, Јувентус мора да му исплати богатство на Мота!

by 24 фудбал
1 минути читање

Тиаго Мота е на тенок мраз во Јувентус, особено по елиминациите во Лигата на шампионите и Копа Италија.

Италијанскиот тренер по неполна сезона е под ризик да добие отказ и веројатно следните натпревари ќе бидат клучни за неговата иднина. Управата на Јуве размислува што да прави, а има една причина која ги тера да не менуваат ништо.

Имено, ако Мота добие отказ пред истекот на договорот кој важи до 2027 година, „старата дама“ мора да му плати отштета од вртоглави 20 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани