Милан има три имиња на листата за можен наследник на Консеисао

by riste
1 минути читање

На Серџо Консеисао не му цветаат рози во Милан, дури му се заканува и отказ поради лошата форма на тимот кој за кратко време испадна од Лигата на шампионите и нанижа порази против Торино и Болоња.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Милан веќе размислува за можниот наследник на Консеисао, без разлика дали тоа би се случило во тековната сезона или откако таа ќе заврши.

Според овој медиум, на листата се три имиња, Сеск Фабрегас, Роберто Де Зерби и Маурицио Сари.

Од овие тројца единствениот кој во моментов е без работа е Маурицио Сари.

Фабрегас има одличен проект со Комо, а Де Зерби е тренер на Марсеј, па овие двајца се потешко достапни во овој момент без разлика што Милан е атрактивна опција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×