Минималец на Фиорентина против Лече во калчото! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Фиорентина со 1-0 го совладаа Лече во првиот меч од калчо-колото овој викенд.

Навивачите на „Артемио Франки“ рано се израдуваа бидејќи уште во деветтата минута искусниот Робин Госенс донесе домашна предност (1-0).

Лече се обидуваше да се врати, ама немаше сили за такво нешто против стабилниот домаќин. Фиорентина можеше и до двојна предност бидејќи доби пенал, меѓутоа ударот на Белтран не заврши во мрежата.

На крајот тимот на Рафаеле Паладино победи по три врзани порази и барем привремено е седмопласиран.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани