Јувентус донел конечна одлука – нема отказ за Мота!

by Стефан
1 минути читање

Иако на Јувентус не му оди најдобро, сепак тренерот Тијаго Мота нема да биде отпуштен.

Техничкиот директор на „старата дама“, Кристијан Џунтоли потврди дека клубот во овој момент не размислува за отказ на Мота.

„Сите сме разочарани, но и понатаму веруваме дека сме на вистинскиот пат. Имавме разговори со фудбалерите кои се свесни дека мораат повеќе да покажат за да ја остваривме главната цел, а тоа е да се пласираме во Лигата на шампионите. Можам да потврдам дека Мота не е под закана на отказ. Веруваме во проектот кој го започнавме заедно пред шест месеци“; изјави Џунтоли.

Јувентус сезонава веќе доживеа елиминации од Лигата на шампионите и Купот на Италија, а не му оди најдобро и во Серија А каде што по 26 кола се наоѓа на четвртото место.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани