Микел Артета е оптимист и натаму, иако Арсенал заостанува многу во Премиер лигата. Тој посочи дека неговиот тим уште има шанса за трофеј, ако не во англиското првенство тогаш во Лигата на шампионите.
„Разочаран сум што не победивме против Нотингем. Доминиравме и не им дозволивме да играат. Сепак, одново ни недостигаше концентрација и квалитет во завршницата. За нас предизвикот останува ист, а прашање е колку можеме да постигнеме. Истото беше и пред една недела, пред три месеци… Денес загубивме два бода и тоа е болно, ама не се откажуваме од трофеј. Пред нас и и Лигата на шампионите“, посочи Артета.
„Топчиите“ малку заборавија да пукаат, особено поради бројните проблеми во офанзивниот дел од тимот.
Артета е приморан во шпицот на нападот да го користи Микел Мерино кој е играч за врска и тоа не е офанзивен, а ниту опциите за крилните позиции не се многу. Добра вест за Арсенал е дека викендов се слободни и ќе можат да се насочат кон првиот меч со ПСВ во Лигата на шампионите.