Револуционерна идеја на Пике: Ако натпревар заврши 0-0, тимовите не треба да добијат бод!

by 24 фудбал
1 минути читање

Жерард Пике повеќе не е активен фудбалер, меѓутоа и натаму е активен во светот на спортот преку различни бизниси.

Легендата на Барселона и Шпанија беше гостин во подкастот на Икер Касиљас и зборуваше на интересни теми. Една од нив беа неефикасните фудбалски натпревари, особено оние кои завршуваат без голови (0-0).

Пике има револуционерна идеја, според која смета дека би ги поттикнал тимовите да нападнат и да се борат за натпревар да не заврши 0-0.

Не може да отидеш на стадион, ќе потрошиш 100, 200 или 300 евра, а натпреварот да заврши 0-0. Нешто мора да се промени. Предлог за размислување е ако средба заврши со 0-0, екипите да не добијат по бод. Сметам дека така би се бореле повеќе и во завршницата би играле отворено, а тоа носи возбудувања“, прокоментира Пике.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×