Алиоски со голема награда во Англија, голот на месецот во Чемпионшиплигата е дело на Македонецот! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Голот на нашиот
25 годишен интернационалец од редовите на Лидс, Езгјан Алиоски на гостувањето
кај Нотингем Форест, со кој ја запечати победата од 0-2 на својот тим најпрво
беше прогласен за гол на тогашниот викенд, а потоа истиот беше номиниран и во изборот за
гол на месец август.

Дека Алиоски ќе победи на гласањето на навивачите немаше никакви дилеми, на само неполн час пред да се затвори гласањето Езгјан Алиоски
имаше 64% од вкупниот број на гласови (13,519), зад себе
ги имаше Андреас Бухалакис со 21% и Андре Грин со 16%.

Ова се и дефинитивните проценти на освоени гласови, од вкупната бројка која изнесуваше 13,724 гласови на „Скај Спортс“, официјални, по истекот на рокот за гласање (19 часот по македонско време, денес):

1. Езгјан Алиоски, Лидс – 64% 

2. Андреас Бухалакис, Нотингем Форест – 21% 

3. Андре Грин, Астон Вила – 16% 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани