Ливерпул сигурно чекори кон титула во Премиерлигата откако креираше 13 бода предност на врвот на табелата, но Федерико Киеза може да остане без шампионски медал поради едно правило.
„Црвените“ во само неколку дена направија значаен прогрес кон нова титула во Премиерлигата, Арсенал киксираше против Вест Хем и Нотингем Форест, а избраниците на Арне Слот славеа на тешки натпревари против Манчестер Сити и Њукасл.
Па Ливерпул има +13 на врвот на 10 кола до крајот на сезоната и сигурно чекори кон титулата во Премиерлигата.
Но како што стојат работите во моментов, Федерико Киеза може да остане без шампионски медал.
Единственото летно засилување, до овој момент има само три настапи во Премиерлигата, и треба за да забележи најмалку 5 натпревари за да добие шампионски медал.