Спортинг Лисабон
вечерва гостува кај Олимпијакос во првото коло од групата „Д“ од Лигата на
шампионите, Македонија во елитното европско клупско натпреварување сезонава ќе
има еден претставник, и тоа во Стефан Ристовски, членот на португалскиот тим.
Шефот на
стручниот штаб на тимот од Лисабон, Жорж Жезус во изјава за медиумите пред
стартот на средбата откри дека на местото на италијанскиот дефанзивец Пицини
има две опции.
„Натпреварот со
Феиренсе ми даде алтернатива за ова прашање, Баталјиа, има голем квалитет за
таа позиција, потоа, како опција секако го имам и Стефан (Ристовски), ќе треба
да изведам нешто со што би ги пополнил дупките во тимот“ издвои Жезус.
Нашиот фудбалер
се уште нема одиграно натпревар за својот нов клуб, каде летово дојде од
редовите на хрватскиот првак Ријека, се чини дека ситуацијата во Спортинг
Лисабон, му налага на Жорж Жезус конечно да му даде шанса на нашиот 25 годишен
репрезентативец, и тоа, сред Пиреја во Грција.