Фановите на Сосиедад му скандираа на Асенсио – „Умри“, Анчелоти го извади од игра поради тоа (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Мечот меѓу Сосиедад и Реал во полуфиналето од Купот на Шпанија на кратко беше прекинат во судиското продолжение од првото полувреме откако домашните навивачи му се нафрлија на Раул Асенсио по еден негов груб старт за кој доби жолт картон.

Стоперот на Реал остро стартуваше врз Беренчеа за што доби жолт картон, но веднаш потоа почнаа навреди од трибините на негова сметка и скандирања „Асенсио умри!“.

Главниот судија не дозволи да се изведе слободен удар додека не престанат извиците, ги викна капитените на двете екипи и побара од официјалниот спикер да упати барање до навивачите да запрат. Дури и на семафорот беше поставена порака да нема повеќе расистички, ксенофобни и нетолерантни повици.

Но, грубиот старт на Асенсио не е единствена причина за овие скандирања. Дефанзивецот, кој сезонава доби шанса во првиот тим на Реал поради големиот број повредени фудбалери, се наоѓа под истрага откако мајка на една 16-годишна девојка го пријави дека тој дистрибуирал снимки од сексуални односи со ќерка ѝ, а ја снимал без нејзино знаење и одобрение. Асенсио бараше случајот да биде затворен, но тоа е одбиено и тој и натаму се наоѓа под истрага.

Поради големиот притисок врз него, Анчелоти на полувреме го остави Асенсио во соблекувална и на негово место во игра го внесе Лукас Васкез.

„Тешко му паднаа скандирањата. Затоа го заменив на полувремето. Емоциите кои ги имаше можеа да имаат влијание на него“, рече Анчелоти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×