Големо признание: Дарко Панчев избран во идеалниот тим на Црвена Звезда на сите времиња! (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Дарко Панчев доби големо признание и се најде во идеалниот тим на Црвена Звезда на сите времиња.

Во изборот кој го организираше „Моцарспорт“ гласаа 90 фудбалски легенди и актуелни новинари од регионот, а Панчев освои 49 гласа (54.4%) кои беа доволни да добие место во нападот.

Гласовија добија и уште двајца Македонци, Илија Најдоски 9осум гласа) и Бошко Ѓуровски (пет), но тоа не беше доволна бројка да се најдат во идеалниот тим.

Владимир Беара, Бранко Станковиќ, Миодраг Белодедиќ, Синиша Михајловиќ, Рајко Митиќ, Драган Стојковиќ, Драгослав Шекуларац, Дејан Савичевиќ и Драган Џајиќ, се фудбалерите кои заедно со Панечв го сочинуваат најдобриот тим на Звезда на сите времиња.

За тренер беше избран Миљан Миљаниќ. Се гласаше и за идеален тим на Партизан, но таму немаше ниту еден Македонец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани