На тимот на
Шпанецот со потекло од Данска, Томас Кристиансен му оди одлично, Лидс со 14
бода е веднаш зад Кардиф на второто место на табелата во англиската
Чемпионшиплига, со четири победи и две ремија, засега без пораз.
Лидс последната
победа ја реализираше викендов, и тоа убедлива со 5-0 на домашен терен над
Бартон, одлично деби во тимот од „Еланд Роад“ имаше Ласога кој постигна два
погодоци на првиот свој меч во дресот на Чемпионшиплигашот, притоа реализираше
и една асистенција.
Она што сите ги
изненади од овој натпревар, е тоа што Кристиансен се реши да го стави на
клупата за резервни фудбалери, нашиот Езгјан Алиоски, кој не мина ниту една
минута на теренот во убедливата победа на својот тим.
Сепак,
популарниот „Џани“ е голем професионален, па ја испочитува одлуката на шефот на
стручниот штаб на Лидс, па упати пофалби за своите соиграчи за одличната
партија викендов, а сево ова наиде на воодушевување кај фановите на славниот
англиски клуб.
„Одличен
натпревар за момците во боите на клубот Лидс вчера, одлична тимска работа. Сега
се подготвуваме за вторник“ напиша Алиоски на социјалните мрежи, најавувајќи ја утрешната пресметка
со Бирмингем (20,45) на домашен терен во седмото коло од Чемпионшиплигата.
Извор/Фото-вест: footballinsider247.com