Тракаи со нова порака до Вардар: Да се разбереме цивилизирано, или ризикувате голема казна

by
1 минути читање

Кон финишот на август, Вардар го промовираше Максим Максимов како големо засилување.

Но Тракаи веднаш се огласи и обвини дека трансферот е нелегален бидејќи тие не дале зелено светло. Од Вардар одговорија дека не прекршиле ниту едно правило бидејќи ја активирале откупната клаузула.

Сепак, Вардар не го регистрираше напаѓачот за Лига Европа и тоа фрли дополнителен сомнеж околу целата ситуција.

Од Тракаи сега се огласија уште еднаш и ги повикаа „Црвено-црните“ на цивилизиран начин да најдат заеднички јазик со цел шампионот на Македонија да избегне голема казна.

„Сакаме да појасниме дека нема откупна клаузула во договорот на Максим Максимов“ – велат од Тракаи. „Ниту Вардар, ниту пак било кој друг клуб не може да го купи Максим Максимов без дозвола од Тракаи. Кога Вардар го соопшти трансферот на Максим Максимов, го игнорираше фактот дека тој е под договор со нас. Па затоа можеме да претпоставиме дека Вардар ги прекрши правилата на ФИФА“.

„Доколку Максим Максимов за неколку дена не се врати во Тракаи, тоа ќе значи раскин на договорот на негова штета и ќе треба да се платат сериозни пенали, како од страна на играчот, така и од страна на Вардар“.

„Според правилата, Вардар ќе добие забрана за регистрација на нови играчи во два преодни рока. Очигледно Вардар не разбира колку е сериозна ситуацијата, но не е толку доцна за да се разбереме на цивилизиран начин.

„Тој не може да игра во првенството на Македонија, ниту во некое друго првенство. Има валиден договор со Тракаи, и не може да ги брани боите на друг клуб“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани