„Дали Лидс
пропушти одлична прилика да ангажира сонародник на Алиоски без никакво
обештетување?“ прашува британски „HITC“ во
својот наслов кој го објави утрово, мислејќи на нашиот интернационалец Агим Ибраими.
Трансфер периодот
веќе истече минатата недела, но клубовите и натаму можат да ангажираат фудбалери,
секако, оние кои се слободни агенти на трансфер пазарот, а таков беше токму 29
годишниот офанзивец Агим Ибраими, кој се реши кариерата да ја продолжи во
Домжале, Словенија.
„Белите имаа
прекрасна шанса да го додадат сонародникот на Езгјан Алиоски, интернационалецот
Агим Ибраими, тој беше слободен фудбалер на трансфер пазарот. Ибраими беше
слободен агент до 5. септември, откако се реши да потпише за словенечкиот тим
Домжале, против кого играше Вест Хем ланската сезона во Лига Европа“ додава „HITC“.
Истиот медиум се
потсетува и на ситуацијата кога поранешниот шеф на стручниот штаб на Лидс,
Словенецот Дарко Миланиќ во 2014. година се обиде за 1.5 милион фунти да го
доведе својот омилен фудбалер од Марибор, Ибраими во англискиот тим, а оваа
информација тогаш ја пренесе „The Sun“.
„Лидс требаше
сериозно да размисли на оваа опција, за да и помогне на својата ѕвезда во тимот
Езгјан Алиоски да се чувствува многу повеќе комфорно на теренот. Постојат
неколку слободни фудбалери на трансфер пазарот во овој момент за кои Лидс
пријавува интерес, но, Ибраими се чини беше најдобрата опција за тимот“ додава
„HITC“.
Лидс почна
одлично во новата сезона, со 14 бода е втор на табелата зад Кардиф (16). Тимот
од „Еланд Роад“ оствари четири победи и две ремија, засега е без пораз, нашиот
Алиоски веќе го постигна деби голот во Чемпионшиплигата и тоа оној против
Нотингем Форес на гостински терен, со кој ја запечати победата од 0-2, а токму
овој гол беше прогласен за најдобар на викендот, воедно е во трка и за гол на
месецот.
Извор: hitc.com
Фото-вест: UEFA
(архива,
Ибраими во дуел со Немања Матиќ, Челси)