77
Македонскиот репрезентативец се уште чека на својот прв меч за Спортинг Лисабон, шанса конечно треба да добие утре на натпреварот против Олимпијакос.
Првиот десен бек, Пичини има ситна повреда, па тренерот Жорж Жесус не сака да ризикува со него и шанса од првата минута ќе му даде на Стефан Ристовски.
Ристовски имаше одлични настапи за Ријека во квалификациите, но замина во спортинг пред хрватскиот тим да се соочи со Олимпијакос. Сепак судбина за Македонецот е да настапи против грчкиот тим.