Стартува продажбата на единечни билети за натпреварот Вардар – Зенит

by
2 минути читање

Во четврток од 21:05 против Зенит, Вардар ја почнува групната фаза од Лига Европа откако направи историски успех со одличните настапи во квалификациите.

До синоќа навивачите имаа можност да купат блок билети за сите три натпревари, а од денеска почнува продажбата на влезниците само за мечот помеѓу Вардар и Зенит.

Од клубот напоменуваат дека согласно строгите критериуми од страна на УЕФА за продажба на билети за групната фаза од Лигата на Европа, секој купувач на влезница ќе мора да приложи документ за лична идентификација (лична карта, пасош). Продажбата оди по принципот: ЕДНА ЛИЧНА КАРТА, ЕДЕН БИЛЕТ. 

Цените на билетите за натпреварот против Зенит се следни:

За блокови 1, 6, 7, 8, 9, 10, 19, 25, 26, 27, 28, 29 и 30, цената на единечен билет ќе биде 600 МКД.

За блокови 2, 5, 14, 18, 20 и 24, единечен билет ќе се продава по цена од 900 МКД.

За блоковите 3, 4 и 15, 16, 17, 21, 22 и 23, цената на единечен билет ќе биде 1.200 МКД.

Продажни места:

СКОПЈЕ: Југотон, Атлантик Турс, Тобако 2 Скопјанка, Тобако Корнер Југодрво, Тобако Водњанска, Тобако СП Планет, Food bar Trend City Mall, Lounge Restaurant Trend, Telekom Trend, Киоск М1 ТЦ Бисер, Киоск М1 Кисела Вода, Киоск М1 Холидеј Ин, Киоск М1 Скопјанка, М1 Медиа Бисер, Киоск М1 Центар, Киоск М1 железничка станица, Тобако Капиштец, Тобако Гоги Драчево; Метро Аеродром Александар Велики

Билетарница во С.Ц. „Јане Сандански“: секој работен ден од 10 до 18 часот.

КАВАДАРЦИ: T.A. Атлантик Турс; Метро,

СТРУМИЦА: Скала Травел;

ГЕВГЕЛИЈА: Т.А. Путник;

ГОСТИВАР: Метро 1, Метро 4

ТЕТОВО: Метро

ПРИЛЕП: Т.А. Бран;

ОХРИД: Голден Тобако, New Tobacco;

КОЧАНИ: Радио Кочани;

КУМАНОВО: Т.А. Мерион Травел;

ВЕЛЕС: Унисон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани