Консеисао: Торино на полувреме водеше 1-0 без да шутне… се чудам како е можно да примаме вакви голови

by bojan
1 минути читање
Консеисао

Сержо Консеисао вети дека ќе работи и дење и ноќе за да се погрижи „росонерите“ да завршат во топ 4, откако синоќа Милан повторно разочара и загуби со 2-1 на гостувањето кај Торино.

Милан има недела за заборав, прво доживеа шокантна елиминација во Лигата на шампиони од Феенорд, а вчера загуби од Торино и испушти важни три бода во битката за топ 4 пласман.

„Росонерите“ со две аматерски реакции си пресудија сами, а тренерот Сержо Консеисао вели дека се чуди како може да примаат такви голови.

„Последните 12-15 голови кои ги примивме, речиси сите да беа од неизнудени грешки. Не се работи за стратегија или формација… често се чудам како е можно да примаме вакви голови“ – вели Португалецот.

„Торино на полувреме водеше 1-0 без да шутне кон голот, додека пак ние промашивме пенал и неколку добри прилики“.

„Чудни работи се случуваат, примаме голови кои не треба да ги примаме. Мораме да бидеме силни. Ништо не ни оди од рака и покрај тоа што статистиката е на наша страна. Знам дека не им е лесно на фудбалерите кога најдобриот играч на Торино е нивниот голман, и ние имавме 30 удари кон голот“.

Тренерот на Милан потоа им се обрати на навивачите, кои упатија свирежи и протестираа по крајот на натпреварот.

„Апсолутно се во право. Не победуваме и тие со право протестираат. Сепак, морам да кажам една работа – сезоната не е завршена. Подготвен сум да работам и дење и ноќе за да обезбедиме топ 4 по секоја цена“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×