480
И во деветиот натпревар од руското првенство Зенит не знае за пораз, тимот на Роберто Манчини одигра без голови на гостувањето кај Динамо Москва.
Зенит беше подобар противник на мечот, имаше повеќе иницијатива и шанси од домаќинот, но не успеа да постигне гол.
Противникот на Вардар во последните натпревари има проблем со ефикасноста, тоа беше видливо и на денешниот меч во Москва.
Зенит останува лидер во руското првенство, но тоа може да се промени уште вечерва доколку Локомотив Москва победи во Грозни.
Фудбалерите на Мачини нека бидат „стерилни“ и во четврток кога од 21:05 часот на арената „Филип Втори“ ќе истрчаат на дуел против Вардар.
Фото: ФК Зенит