489
Македонскиот шампион Вардар го оствари сонот на своите навивачи и се пласираше во групна фаза од едно големо европско натпреварување. Историски успех за македонскиот клупски фудбал, „црвено-црните“ се првите кои и на есен ќе играат во Европа.
Првиот натпревар е веќе во четврток, Вардар со почеток од 21:05 игра со Зенит. Од раководството на клубот инфомираат дека вратите ќе бидат отворени од 18:30 и апелираат за порано доаѓање на стадионот.
Блок билети за трите натпревари можат да се купат уште денес, а од утре почнува продажбата на единечните влезници за натпреварот против Зенит.