ФФМ воведе иновација во оценувањето на судии (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Од фудбалската федерација на Македонија информираа дека е воведена иновација во оценувањето на судиите.

Често пати сме сведоци како клубовите се жалат на одредени одлуки на арбитрите на македонските терени и оваа иновација е обид ситуацијата во иднина да биде подобро.

Во продолжение соопштението на ФФМ:

„Пионерска интеграција на високоинтензивен тренинг со судиско одлучување под притисок. 

Во модерниот фудбал, физичката подготвеност на судиите не е доволна – способноста за брзо и прецизно донесување одлуки под интензивен притисок е клучна. Токму затоа воведуваме иновативен и автоматизиран систем кој комбинира високоинтензивен тренинг со симулирани судиски одлуки во реални натпреварувачки сценарија.

Што го прави овој пристап уникатен?

– Динамички промени во когнитивните оптоварувања додека судијата е под физички стрес.

– Автоматизирани аудио-визуелни стимули кои бараат брзи и точни одговори.

– Мониторинг на срцевиот ритам, време на реакција и прецизност на одлуките.

– Индивидуализиран пристап за оптимизирање на менталната и физичката издржливост.

Оваа методологија овозможува подобрување на перцепцијата, концентрацијата и менталната брзина, што е од пресудно значење за врвните судии.

Подготвени сме да поставиме нови стандарди во судиската подготовка!“, стои во соопштението на Фубдлаксата федерација на Македонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×