Вардаровиот
капитен Грнчаров го отвори мечот во Скопје на резултатски план во 19. Минута, а
со ова водство домаќините заминаа на паузата.
Во второто
полувреме Барсегјан во 57. Минута зголеми на 20 додека пак капитална предност
од 3-0 донесе Глигоров со својот гол само девет минути подоцна. Конечните 3-1
ги постави Ѓорѓевиќ во 73. Минута.
Со оваа победа
избраниците на Чеде Јаневски стигнаа до шест бода од вкупно три одиграни
натпревари во новата сезона од македонскиот фудбалски шампионат.
Како за
потсетување, мечот од претходното коло со Работнички македонскиот првак доби
прилика да го одложи поради настапите во квалификациите за Лига Европа, а сево
ова дојде по договорот помеѓу обата клуба, со потврда и од Куќата на фудбалот
во нашата земја.
Триумфот над
Силекс е воедно на некој начин загревање за црвено-црните за тоа што им
претстои во групата „Л“ од Лига Европа, поточно, мечот против Зенит на домашен
терен идниот четврток.
Фото-вест: fkvardar.mk