3,3K
Реал Мадрид зачекори сигурно кон осминафиналето во Лигата на шампионите, бидејќи уште во првиот дел против Манчестер Сити стигна до двојна предност.
Килиан Мбапе е двоен стрелец во првиот дел за „кралскиот“ клуб. Прво Французинот стрела во четвртата минута со убав лоб, а потоа погоди вторпат во 33. минута.
Овојпат Мбапе одлично се снајде по топка од Родриго, издрибла и буквално го „фрли“ Гвардиола на подот, а потоа имаше и интересна прослава во која го покажа движењето и викна: „Опаа“.