Eкипата на Јуввентус има нови акционери, а во прашање е фирмата „Tether“ од САД со седиште во Лос Анџелес, станува збор за фирма која се занимава со криптовалути.
Никој од клубот не продаде акции, па така семејството Ањели се уште поседува 64% од акциите на клубот, но вложувањето на милијардерите значи поддршка за клубот од Торино.
„Ние сме навивачи на Јувентус. Минатата година имавме околу 13.7 милијарди евра профит, можеме да го поддржуваме Јувентус во наредните 2000 години“, изјави еден од директорите на компанијата, Паоло Ардоино.
Не крие Ардонино и дека тие се навивачи на Јувентус и во иднина би можеле да стана и спонзор на клубот.
„Не ги знаеме во овој момент условите со Јувентус за спонзорски договор. Јувентус мора да се врати каде што припаѓа“, изјави Ардоино.