Се чини дека
постои големо разочарување во нашиот табор од крајниот исход во Струмица, а за
тоа говори и изјавата на Езгјан Алиоски по мечот, кој притоа се осврна и на тоа
што за овој натпревар се стравуваше од можни инциденти, тој коментираше дека фудбалерите не треба да ги интересира политика.
„Ние не се
занимаваме со политика, нашата работа е да играме фудбал, имам многу пријатели
во Албанија, а за тоа дали беше фер исходот? Ќе бидам искрен, ќе кажам дека имавме многу
повеќе шанси од нашиот противник, но направивме истовремено и многу грешки.
Создадовме многу шанси, требаше да победиме…“ изјави популарниот „Џани“ по
мечот.
„Доколку ја споредам
онаа Албанија каде загубивме во Скадар со 2-1, очекував многу повеќе од нив
вечерва, ги имам гледано во многу подобри изданија од вечерашново, како и да е,
тие го сменија селекторот, мислам дека ќе бидат многу подобри сега…“ додаде
Алиоски.
Извор/Фото:
sportekspres.com