Македонија и
Албанија ремизираа во мечот од осмото коло во квалификациите за СП Русија 2018,
нашата селекција доминираше во текот на целиот натпревар, гостите од две
прилики постигнаа два гола, а нерешениот исход од Струмица е сосема реален
исход, според селекторот на Албанија, Кристијан Панучи.
„Во првиот дел не
одигравме добро, направив замени и во второто полувреме го кренавме нивото.
Постигнавме брз гол, а имавме и уште една шанса преку Садику да го зголемиме
водството“ изјави Панучи по мечот.
„Примивме гол од
пенал, а во последните моменти од мечот Македонија можеше и да победи, мислам
дека ремито е поволен и пред се’ реален резултат…“ додаде селекторот на Албанија.
Фото-вест:
Кочо Сотировски (24фудбал)