Македонија одигра
реми со резултат 1-1 на домашен терен против Албанија во натпреварот кој се
одигра на стадионот „Младост“ во Струмица, во квалификациите за СП Русија 2018.
По натпреварот,
селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски упати честитки за сите
негови избраници, но додаде дека триумф се добива доколку се постигнат голови,
а не гол.
„Би сакал да им
честитам на фудбалерите за играта, направија се’ што можеа целиот натпревар. Сепак, за жал не
успеавме да победиме, иако имавме шанси за тоа. Ако се сумира дека
противничкиот голман е играч на мечот, во тој случај мислам дека се е јасно.
Можевме до три бода, но за да добиеш натпревар во фудбалот, треба да даваш
голови, а за жал ние дадовме саом еден гол…“ истакна по мечот Ангеловски.
Фото-вест:
Кочо Сотировски (24фудбал)