Најдобрата македонска фудбалска репрезентација одигра реми со резултат 1-1 против Албанија во осмото коло од групата „Г“ во квалификациите за СП Русија 2018, гостите подолг период се бранеа, но сепак први поведоа, нашите фудбалери израмнија, но се чини доцна за победа на овој натпревар.
Првото полувреме
мина во знакот на нашата селекција која имаше дури осум обиди кон противничкиот
гол, додека гостите имаа само една закана кон нашиот гол.
Нашата селекција мечот
го почна мошне офанзивно, тежиштето на играта во целост се префрли на
гостинската страна, а првиот обид го имаше Барди кој од далечина прв биеше кон
противничкиот гол, во 8. минута а неговиот удар беше непрецизен.
Првата посериозна
акција се случи во 23. минута кога Пандев убаво се намести да бие кон голот на
гостите, но неговиот удар беше одбранет од страна на Бериша кој мораше да
боксува во оваа ситуација, Ристовски не искористи отпадок откако одбиената
топка стигна до него.
Барди од огромна
далечина упати прецизен удар, од ситуација од која знае најдобро, слободен
удар, Бериша со крајни напори го одбрани овој удар во 25. минута.
Во продолжението
од првиот дел, динамиката на играта опадна, нашата селекција ја контролираше
играта во првите 45 минути, но не успеа да го најде патот до мрежата од
противничкиот гол, сепак, избраниците на Ангеловски доминираа а противникот се
бранеше на својата половина.
Како почна во
првиот, така почна и во вториот дел нашата селекција, но офанзивната игра
понуди простор за гостите кои ја искористија дадената шанса во 53. минута.
И покрај
огромната доминација на избраниците на Ангеловски, Димитриевски капитулираше
при една акција која ја поведе Садику по левата страна, тој нафрли долга топка
во казнениот простор на нашата селекција а со глава успешно биеше Роши.
Садику две минути
подоцна имаше стопроцентна шанса за дуплирање на водството на гостите, но
истата за наша среќа беше нереализирана.
Голема шанса
Македонија имаше преку Пандев кој во 70. минута биеше со глава откако доби
употреблива топка од Несторовски во казнениот простор на гостите, но спасуваше
Хисај речиси од самата гол линија.
Два пати во
неполна минута Алиоски се закани кон противничкиот гол, но Бериша со крајни
напори спасуваше.
И конечно
погодок, стрелецот на водечкиот гол за гостите Роши играше со рака во казнениот
простор а тоа беше сосема доволно шведскиот арбитар да досуди пенал, од белата
точка сигурен реализатор беше Трајковски кој биеше мошне прецизно во 78. минута
за израмнување на мечот.
Алиоски во 84. минута
биеше прецизно кон голот на Албанија, Бериша го спаси својот тим а потоа
одбрани на фантастичен начин и во ударот на Несторовски кој имаше можност од
одбиена топка да погоди за пресврт на мечот во Струмица, кој сепак остана до
крајот со резултат 1-1.
Селекторот на
Македонија, Игор Ангеловски се реши на вечерашниот натпревар да истрча во ист
состав и формациска поставеност како и претходниот дуел, откако во Хаифа кај
Израел славевме минимална победа од 0-1.
Македонија:
Димитриевски, Ристовски (Тричковски 87′), Ристевски,
Муслиу, Спировски (Радески 87′), Велкоски, Барди, Пандев, Несторовски, Алиоски и Николов (Трајковски 58′) (4-2-3-1).
Мечот во Струмица
го судеше шведскиот арбитар Јонас Ериксон.
Наредниот месец,
на 6 октомври нашата селекција гостува кај Италија во дуелот од претпоследното
коло од групата.
Резултати од
нашата група: Италија –
Израел 1:0, Лихтенштајн – Шпанија 0:8, Македонија – Албанија 1:1.
Табела, група „Г“:
Шпанија 22, Италија 19, Албанија 13,
Израел 9, Македонија 7, Лихтенштајн 0.
Фото: Кочо
Сотировски (24фудбал)