Вардар не го пријави голгетерот Максимов за Лига Европа

by
1 минути читање

Во самиот финиш од преодниот рок Вардар се засили со 21-годишниот руските фудбалер Максим Максимов кој со седум гола беше најдобар стрелец во квалификациите од Лига Европа. Тој требаше да биде вистинско освежување во тимот за натпреварите од групната фаза, но не се најде на списокот меѓу пријавените фудбалери.

Брзо по објавата на трансферот на Максимов, се јави неговиот поранешен клуб Тракаи кој тврдеше дека Русинот се уште е нивни играч и има активен договор со нив.

Информацијата од Вардар беше дека тие ја активирале откупната клаузула која изнесувала 50.000 евра, па во тој случај не ни мора да преговараат со Тракаи. Но УЕФА не го регистрираше трансферот.

На списокот не се најде ниту Горан Попов кој се врати во Вардар.

Пријавени фудбалери на Вардар за ЛЕ: Игор Алексовски, Филип Гачевски, Висар Муслиу, Бобан Грнчаров, Дарко Велковски, Хованес Хамбарѕумјан, Евгениј Новак, Бесир Демири, Дарко Глишиќ, Владица Брдаровски, Џамбул Џигаури, Вања Марковиќ, Дејан Блажевски, Бобан Николов, Тигран Барсегјан, Никола Глигоров, Филип Стојчевски, Бесар Исени, Хуан Фелипе, Итало, Петар Петковски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×