У21: Новата генерација на Милевски тргна со триумф во походот кон пласман на ЕУРО 2019, падна Ерменија! (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Во подновен
состав, селекцијата која претрпе многу измени поради тоа што одредени фудбалери
ја надминаа својата 21 година, младата фудбалска репрезентација на Македонија
тргна со победа од 0-3 на гостувањето во Ереван кај Ерменија, сите три гола беа
дело на капитенот на тимот, 21 годишниот Тихомир Костадинов, инаку член на словачки Ружомберок.

Нашите надежи
имаа водство од 0-2 по првите 45 минути игра, а двата гола дојдоа по исто толку
грешки на домаќините, кои нашите фудбалери одлично ги искористија.

Водечкиот гол на
нашите надежи стигна при една грешка во мошне чувствителниот простор на
домаќините во 8. минута, украде Елмас кој асистираше несебично кон капитенот
Костадинов а овој му преостана само да ја смести топката во мрежата од голот на
Ерменците.

На 0-2 зголеми
Костадинов со својот втор гол на мечот во Ереван, а дуплирање на водството за
нашите надежи повторно дојде при едно недоразбирање на одбраната на домаќините,
овој пат во 26. минута.

Првото полувреме
мина со динамична игра на обете страни, домаќините пристапија со мошне
агресивна игра на теренот, но тоа по првите 45 минути не им се исплатеше.

Почетната фаза од
вториот дел мина во знакот на Ерменците кои мака мачеа како да го најдат патот
кон мрежата од голот на нашата селекција, но за наша среќа не дојдоа до
посериозна прилика да постигнат гол.

Македонија играше
мирно и трпеливо, а конечните 0-3 од натпреварот против својот ривал ги
постигна во 72. минута, а стрелец повторно беше Тихомир Костадинов кој ги
постигна сите три погодоци за нашата селекција.
Новото водство за решавање на сите дилеми
во Ереван стигна по нафрлената топка од Тотре, а Костадинов одлично ја „закова“
топката во противничката мрежа.

Македонија:
Илиќ, Амановиќ, Попзлатанов,
Симовски, Костадинов (Здравковски 77
), Селмани (Петковски 82’), Чешмеџиев, Тотре, Кулески, Георгиев (Абаз
67
) и Елмас (4-2-3-1).

Мечот во Ереван
го судеше чешкиот арбитар Збинек Проске.

Во второто коло
избраниците на Благоја Милевски ќе ги одмерат силите против соодветната
селекција на Србија, на домашен терен, а овој натпревар е предвиден да се
одигра на 6 октомври.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×