Новите „пулени“ на Милевски без милост во Ереван, младите надежи со водство на полувремето против Ерменија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Селекцијата на
Македонија за фудбалери до 21 година одлично игра, барем во првите 45 минути
игра на гостувањето во Ереван против Ерменија во првото коло од
квалификациската група „7“ за пласман на Европското Првенство во Италија кое ќе
се одржи во 2019. година.

Нашите надежи
водат со 0-2 по првиот дел од овој натпревар, а истите дојдоа при грешки на
домаќините, кои нашите фудбалери одлично ги искористија, па се на прагот со
победа да почнат во новите квалификации, во подновен состав.

Водечкиот гол на
нашите надежи стигна при една грешка во мошне чувствителниот простор на
домаќините во 8. минута, украде Елмас кој асистираше несебично кон капитенот
Костадинов а овој му преостана само да ја смести топката во мрежата од голот на
Ерменците.

На 0-2 зголеми
Костадинов со својот втор гол на мечот во Ереван, а дуплирање на водството за
нашите надежи повторно дојде при едно недоразбирање на одбраната на домаќините,
овој пат во 26. минута.

(за да ги проследите погодоците, вратете на претходно наведените минути)

Македонија:
Илиќ, Амановиќ, Попзлатанов,
Симовски, Костадинов, Селмани, Чешмеџиев, Тотре, Кулески и Елмас (4-2-3-1).

Мечот во Ереван
го суди чешкиот арбитар Збинек Проске.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×