Интер не блескаше, но ја победи Фиорентина и дојде до „минус еден“ од Наполи (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Фудбалерите на Интер вечерва славеа победа над Фиорентина со 2:1 и така „нероаѕурите“ го искористија ремито на Наполи за да се доближат на врвот на табелата.

Од почетокот на натпреварот Интер беше подобар противник, а резултатот беше отворен по 28 минути игра. По еден корнер и мешаница во шеснаесетникот Понграчич погоди за водство од 0:1.

Овој гол на Интер предизвика реакции поради ситуацијата пред досудениот корнер кога топката го напушти теренот, но главниот судија не забележа и досуди удар од аголот. Ќе потсетиме, ВАР системот не може да се користи за корнер, па така ситуацијата не се прегледуваше.

Фиорентина успеа да дојде до израмнување во завршницата од првиот дел кога Мандрагора беше реализатор на најстрогата казна.

Во второто полувреме гледавме слична слика на теренот, Интер имаше поголема иницијатива, но без некои поголеми прилики за гол. Голот за победа беше дело на Арнаутовиќ во 52. минута.

На табелата Интер по 24 кола има 54 бода и тоа е само бод помалку од лидерот Наполи и четири повеќе од третопласираната Аталанта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×