Интер се обидел да го „украде“ Жоао Феликс: Веќе решив да одам во Милан, а сакам да останам тука и во иднина!

by 24 фудбал
1 минути читање

Интер во „фото-финиш“ се обидел да го „украде“ Жоао Феликс пред трансферот во Милан од редовите на Челси. Португалскиот напаѓач пристигна на позајмица до крајот на сезоната, а тогаш се планираат преговори за потенцијален откуп.

Самиот Жоао Феликс нагласи дека би сакал да остане во Милан и по крајот на позајмицата од англискиот клуб, а откри и за обидот на Интер да го доведе. Феликс веќе заигра за Милан, постигна и прв гол во Купот и беше еднаш стартер во првенството.

Дојдов во Милан на позајмица од шест месеци, ама ако постои шанса да останам тука по крајот на оваа сезона, ми се допаѓа таа идеја. Ова е врвен европски клуб, веќе ми се допаѓа се во градот и клубот. Мора да видиме што ќе се случува, а јас ќе продолжам да работам. Пред да дојдам тука ме бараше и Интер во јануари, меѓутоа веќе одлучив да се приклучам на Милан“, изјави Португалецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×