„Топчиите“ кројат планови за летниот преоден рок, сакаат да донесат 3 засилувања, односно нов голман, нов дефанзивец од средниот ред и нов напаѓач.
Арсенал беше прилично тивок во јануари, но уште сега се кројат планови за настап во летниот преоден рок.
Како што пренесува Мирор, „топчиите“ сакаат да донесат 3 засилувања, односно нов голман, нов дефанзивец од средниот ред и нов напаѓач.
Голманот на Еспањол, Жоан Гарсија е идентификуван како прва желба, како дефанзивец од средниот ред главна мета е Мартин Зубименди, додека втора алтернатива е младиот Сверн Нипан.
За нападот, Бенџамин Шешко од Лајпциг и Александер Исак од Њукасл се на врвот на листата со желби.
Мирор исто така додава дека од Емирати ќе си заминат 7 фудбалери. Жоржињо, Парти и Тирни ќе го напуштат клубот како слободно играчи, нема да им биде понуден нов договор. Позајмиците на Стерлинг и Нето нема да се продолжат, а ќе се бара купци за Зинченко и Кивиор.