Албанија утре предводена од новиот селектор Кристијан Панучи ќе се обиде да ги освои бодовите од дуелот со Македонија кој се игра во Струмица.
„Во Македонија дојдовме за да победиме. Имаме голема почит кон македонската репрезентација која против Израел одигра одлично. Свесни сме дека пред нас е тежок натпревар против репрезентација која игра одличен фудбал. Но ние не сме задоволни ни со реми, одиме на победа“ – вели селекторот Панучи.
„Македонија има одлични поединци, пред се мислам на Горан Пандев кој сите добро го знаеме, но не планирам посебна одбрана за него“.
На прес конференцијата беше и капитенот на Албанија, Анси Аголи.
„Максимално сме фокусирани на натпреварот, тука сме да ги исполниме задачите на селекторот и да си заминеме со поволен резултат. Верувам дека можеме да одиграме добар натпревар и да дојдеме до резултатот кој го посакуваме“ – вели Аголи.