2,5K
Оваа сезона дефанзивниот дел од тимот на Реал Мадрид како да е проколнат.
Нова главоболка за Карло Анчелоти доаѓа на бековската позиција. Повреда заработи еден од најдолговечните во тимот, Лукас Васкез. Шпанецот беше стартер и одигра 81. минута во дербито против Атлетико Мадрид (1-1).
Васкез има повреда и го очекува пауза од 15 до 20 дена. Станува збор за мускулна повреда која ќе го оддалечи од терените.
Ова е нов удар за Реал, бидејќи повредени се Антонио Рудигер, Едер Милитао, Даниел Карвахал и Давид Алаба.