77
Атмосферата во македонската репрезентација е одлична, особено по победата од 1-0 на гостувањето кај Израел во Хаифа. Утре пред репрезентативците е нова задача, дуелот со Албанија во Струмица.
Несторовски добро го познава албанскиот голман Бериша кој го носи дресот на Аталанта во Серија А.
„Утре играме важен натпревар против Албанија. Сакаме со победа да им вратиме за поразот од првиот меч. Се надевам на голема поддршка од публиката во Струмица“ – вели Несторовски.
„Добро го познавам Бериша од Серија А на кого му дадов гол против Аталанта. Мислам дека и тој добро ме познава“.