Ангеловски: Македонија е во налет, утре ќе го одиграме најдобриот натпревар во квалификациите

by
1 минути читање

Утре со почеток од 20:45 часот на стадионот „Младост“ во Струмица, Македонија ја пречекува Албанија во натпревар од квалификациите за Светското првенство во Русија.

Македонија е во одлична форма, особено беше импресивен натпревар на гостувањето кај Израел кој го добивме со 1-0.

„На последните шест натпревари имаме четири победи, едно реми и еден пораз и тоа од Шпанија. Тоа е доказ дека играме во добра форма, репрезентацијата е во налет и мислам дека утре ќе го одиграме најдобриот натпревар во квалификациите“ – вели селекторот Игор Ангеловски.

„Не ме интересира дали сме прогласени за фаворит или не. Она што ми е важно е да го дадеме најдоброто од себе и да ги освоиме трите бода“.

„Се радувам што играме во фудбалски град како што е Струмица кој ни го даде најголемото фудбалско име, Горан Пандев. Утре очекувам добра атмосфера, голема поддршка од навивачите, победа со Албанија може многу да ни донесе“.

„Албанија има нов селектор, играат добро, но ние сме подготвени, ќе играме офанзивно како и секогаш, ќе играме на гол повеќе од противникот, фудбалерите ќе го дадат максимумот и се надевам дека ќе победиме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани