Македонија утревечер (20,45) гостува кај Израел во седмото
коло од квалификациите за СП Русија 2018, еден од клучните фудбалери во нашиот
тим, капитенот Горан Пандев смета дека во првиот дуел во Скопје (1-2), нашата
селекција не заслужила пораз, а за утрешниот вели дека доколку одиграме како
тим може да се изненади противникот.
„Не очекува тежок натпревар, Израел е добра, квалитетна
репрезентација. Во Скопје не заслуживме пораз, промашивме пенал во последните
секунди. Мораме да го исполниме тоа што го бара селекторот од нас и само така
можеме до добар резултат. Гледам дека во нашата јавност се размислува дека
можеме лесно да го победиме Израел. Јас мислам дека мора да бидеме обединети и
ако одиграме како тим можеме да го изненадиме противникот. Мора да играме
концентрирано цел натпревар, но тактички на сите натпревари играме добро и се
надевам дека утре ќе одиграме комплетен натпревар“ изјави
Пандев.
Македонија со
една победа против Лихтенштајн на гости (0-3) е претпоследна во групата „Г“ со
3 бода од шест натпревари досега.
Извор:
ffm.mk
Фото: Кочо Сотировски (24фудбал,
Македонија-Шпанија, архива)