Веќе ја пренесовме анализата која ја напиша „Јоркширпост“ околу тоа како мина преодниот
рок за екипите кои се натпреваруваат во англиската Чемпионшип дивизија, меѓу
кои и тимот на Лидс јунајтед, каде летово премина нашиот 25 годишен
интернационалец Езгјан Алиоски.
Во вчерашната
анализа на британски „Скај спортс“, на истата тема пишуваше фудбалскиот експерт
Дон Гудман, кој не се штедеше во пофалбите на сметка на популарниот „Џани“.
„Ќе бидам искрен
и ќе кажам дека немав доволно информации за него се додека не присуствував на
мечот со Нотингем Форест минатата недела. Тимот на Томас Кристиансен
дефинитивно имаше импресивни перформанси, можеби тоа беа најдобрите досега од
она што сум го видел во минатите пет или десет години а Алиоски беше оној кој
се издвои. Има голема енергија во него со или без топка, работи напорно, ги
стави фудбалерите на Нотингем Форест под притисок и премногу е креативен. Може
да помине фудбалери и да докаже дека има одличен шут. Се чини дека Лидс има мал
дијамант во нивните раце. Лидс остана без Крис Вуд, но се чини дека дупката
која тој ја остави со неговото заминување во голема мера може да ја пополни
Алиоски“ пишува фудбалскиот експерт Дон Гудман.
Гудман во својата
анализа пишува за мечот кој Лидс јунајтед го доби на гостински терен кај
Нотингем Форест (0-2) во кој победата ја запечати Алиоски со феноменалниот гол
кој беше прогласен за гол на викендот во Скај Бет Чемпионшипдивизијата.
Инаку, Лидс
јунајтед мина мошне солидно во преодниот рок ова лето, Шпанскиот офанзивец Саму
Саиз кој дојде од Хуеска беше второто најскапо засилување за Лидс ова лето (3.15
милиони фунти), прв на листата е шведскиот дефанзивец Понтус Џенсон кој дојде
од Торино (3.42), на третото место се наоѓа македонскиот репрезентативец
Алиоски (2.25).