Димитриевски: Израелците се добри, а ние сме подобри во нападот

by
1 минути читање

Голманот Столе
Димитриевски вели дека атмосферата пред дуелот со Израел на гостински терен е
одлична, најавува дека нашата селекција ќе даде се од себе за да се извлече
поволен резултат од Хаифа.

„Имаме
одлична атмосфера и добро се подготвуваме веќе неколку дена. Знаеме од каква
важност е натпреварот со Израел и ќе сториме се што треба да одиграме на
максимално ниво. Израелците се квалитетна селекција, но мислам дека ние
сме подобри во нападот. Треба да бидеме претпазливи во одбраната и да покажеме
сигурна реализација. Не размислувам за тоа дали јас ќе бидам на голот,
сите ние сте тука си една цел, заеднички да оствариме добар резултат
“, изјави Димитриевски.

Мечот помеѓу
Израел и Македонија стартува во терминот од 20 часот и 45 минути.

Со само една
победа и три бода од истата, избраниците на Игор Ангеловски се на
претпоследното место (петтото) веднаш пред Лихтенштајн кој засега е без бодови
во групата.

Извор: ffm.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

×