Избраниците на
Игор Ангеловски гостуваат на Израел во Хаифа, а еден од најголемите фудбалски
таленти на нашата земја, членот на турски Фенербахче, 17 годишниот офанзивец
Елиф Елмас вели дека за него претставува чест и задоволство да се биде покрај
Пандев, Несторовски, Барди, Алиоски и останатите.
„Мора да
кажам најпрво дека ми е чест што повторно добивам повик од А репрезентацијата.
Да се игра покрај Пандев, Несторовски, Барди, Алиоски и останатите е голема
чест. Оваа селекција има иднина, посакуваме тоа да го покажеме и против Израел.
Ќе биде тежок меч, но подготвени сме за предизвикот. Ако добиjам шанса, секако
ќе се потрудам да ја искористам зошто овој дрес многу значи за мене“, изјави Елиф Елмас.
Мечот помеѓу
Израел и Македонија стартува во терминот од 20 часот и 45 минути.
Извор:
ffm.mk
Фото-вест: Кочо
Сотировски (Македонија-Шпанија, 24фудбал)