89
Иако во Шпанија и денеска трае преодниот рок, речиси сигурно е дека Ливерпул нема да го пушти Кутињо во Барселона по ниту една цена. „Црвените“ не најдоа соодветна замена, па немаат намера да се откажат од својот најдобар играч.
Кутињо беше „повреден“ во првите кола за Ливерпул, но синоќа беше еден од главните играчи на Бразил на дуелот против Еквадор.
Кутињо постигна гол и заплака, а Нејмар по мечот изјави дека неговиот соиграч е многу тажен.
„Многу сум среќен што тој постигна гол, во овие моменти Кутињо живее во голема тага, но ни помогна да дојдеме до победа“ – изјави Нејмар.
Останува да видиме каков ќе биде односот на Кутињо кон Ливерпул, дали ќе го дава максимумот на натпреварите од Премиерлигата.