Вардар направи историски успех за македонскиот фудбал со пласманот во групната фаза од Лига Европа, таму ќе игра против Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг.
Клубот денеска ги објави цените на единечните и блок влезници за натпреварите.
Клубот објави и детали за начинот на продажба. Во продолжение ви го пренесуваме соопштението во целост:
Од 1-ви септември почнува продажбата на билети за натпреварите од Лигата на Европа. Ќе се продаваат блок билети за сите три домашни меча, а ќе има и продажба на подеинечни влезници за секој натпревар.
Датумите за продажба на билети се следни:
01.09 – 10.09 – Продажба на блок билети за натпреварите во Лига Европа
11.09 – 14.09 – Продажба на поединечни билети за натпреварот со Зенит Санкт Петерсбург
НАПОМЕНА: После рокот, нема да можат да се купуваат блок билети за натпреварите во Лигата на Европа.
Билетарницата на „Телеком Арената“ ќе биде отворена до 19 часот на денот на натпеварот од 1-вото коло од Лигата на Европа со Зенит, односно до 14-ти септември на два часа пред почетокот на мечот.
НАПОМЕНА: Прво ќе се продаваат електронски ваучери, кои подоцна ќе треба да се заменат со пластифицирани сезонски картички. За начинот на замената на ваучерите со картички, ќе бидете дополнително информирани.
ЦЕНИ НА БИЛЕТИ:
За блокови 1, 6, 7, 8, 9, 10, 19, 25, 26, 27, 28, 29 и 30, блок билет за сите три натпревари ќе изнесува 1.400 МКД, додека цената на единечен билет ќе биде 600 МКД.
За блокови 2, 5, 14, 18, 20 и 24, цената за билетите за сите три натпревари ќе изнесува 2.200 МКД, додека единечен билет ќе се продава по цена од 900 МКД.
За блоковите 3, 4 и 15, 16, 17, 21, 22 и 23, блок билет за трите мечеви ќе изнесува 3.000 МКД, додека цената на единечен билет ќе биде 1.200 МКД.