Николов: Израел ни е должник, време е да ги расчистиме сметките

by
1 минути читање

Избраниците на
Игор Ангеловски ги продолжуваат подготовките за претстојните два натпревари во
квалификациите за СП Русија 2018, првиот меч е оној против Израел на гостински
терен на 2. септември.

Фудбалерот од
средниот ред Бобан Николов очекува нашата селекција да го наплати долгот на
Израелците, кои според него среќно триумфирале во Скопје на првиот дуел помеѓу
овие две селекции.

Очекувам
да одиграме одличен натпревар против Израел, противник кој едноставно ни е
„должник“ откако со многу среќа славеа на првиот натпревар во Скопје“
изјави Николов.

„Се
обидувам да се наметнам со многу работа на тренинзите, впрочем како што и сите
останати, а на селекторот е одлуката кој ќе игра. Работиме добро, се фокусираме
на нашата игра и начинот на кој ние ќе се спротивставиме во Хаифа. Ако сите го
дадеме максимумот нема причина да стравувуваме, напротив, мислам дека ќе бидеме
близу до посакуваното. Овие два меча против Израел и Албанија нека бидат
пресвртница за нас во позитивна смисла. Ако некој тоа го посакува и заслужува
тоа сме ние во тимот
“ додаде тој.

 

Извор/Фото-вест:
ffm.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани