122
Според
информациите кои ги пренесува „Спорт1“, се вели дека рускиот напаѓач од
литванскиот Тракаи, 21 годишниот Максим Максимов ќе биде новото засилување за
македонскиот шампион Вардар.
Русинот е одличен
офанзивец а своите квалитети ги демонстрираше во квалификациите од Лига Европа,
каде го однесе Тракаи до третото квалификациско коло, каде беше сопрен од
македонскиот вицепрвак Шкендија. Инаку Максимов во овој момент е најдобар стрелец во второто по ранг европско клупско натпреварување за оваа сезона.
За него и неговиот партнер во нападот на литванското изненадување во квалификациите од Лига Европа, пишувавме во претставувањето на Тракаи како противник на Шкендија,
Повеќе за ова,
прочитајте – ТУКА.