Војводина имаше
тежок пораз во последното, седмо коло од српската Суперлига, каде на домашен
терен беше понижена од Спартак Суботица со 0-5, а еден од главните креатори на
победата на гостинската екипа беше Ѓорѓе Ивановиќ, напаѓачот за кого интерес
пријавува нашиот првак Вардар.
Се чини дека
алармот е вклучен во тимот од Нови Сад, па така прв на листата на желби во
финишот од овој летен преоден рок е нашиот интернационалец, 22 годишниот Даниел
Аврамовски, кој своевремено беше член на белградска Црвена Звезда, од каде
замина во јануари во словенечка Олимпија, каде има моментално важечки договор
до 2020. година.
Според
информациите кои ги пренесува српски „Журнал“, се вели дека наводно преговорите
помеѓу Војводина и Олимпија се во завршна фаза, остануваат уште само
финансиските детали од трансферот.
Аврамовски по
седум кола во Словенија нема одиграно ниту еден натпревар за тимот од Љубљана
во новата сезона.
Извор/Фото-вест:
zurnal.rs