Тен Хаг и понатаму добива плата од Манчестер јунајтед, Дортмунд нема шанси да го ангажира

by bojan
1 минути читање
Тен Хаг

Медиумите од Германија пренесуваат дека Борусија Дортмунд не може да понуди финансиски пакет со кој ќе успее да го привлече Ерик тен Хаг.

„Милионерите“ се во потрага на нов тренер откако му врачија отказ на Нури Шахин по серијата лоши резултати.

Ерик тен Хаг е едно од имињата кои кружат, но последните информации велат дека нема шанси да се реализира една ваква зделка.

Како што пренесува новинарот Флоријан Плетенберг, Ерик тен Хаг и понатаму е на платен список во Манчестер јунајтед и Борусија Дортмуна не може да понуди финансиски пакет со кој ќе го натера Холанѓанецот да се откаже од платата која му ја даваат „ѓаволите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани