Баерн Минхен синоќа доживеа вистински дебакл во Лигата на шампионите откако загуби со убедливи 3-0 на гостувањето кај Феенорд.
Баварците имаа дури 80 проценти посед на топката, создадоа многу повеќе шанси од противникот, а Феенорд ги реализираше своите три и убедливо го доби мечот.
„Треба да бидам искрен, Феенорд заслужи да победи. Тие се бореа напорно и трчаа. Ние имавме многу шанси, мислам дека можевме да постигнеме повеќе голови. Феенорд ги искористи моментите кои му се укажаа. Индивидуално и колективно не одигравме доволно добро. Најдобрата работа е што за неколку дена имаме друг натпревар и можеме да покажеме реакција“, вели Компани.
Тој вели дека не биле изненадени од играта на Феенорд, едноставно не успеале да победат.
„Не, не бевме изненадени. Сме играле против ваков тим на тимови. Често наоѓаме решение, наоѓаме добри моменти, но денеска не ни одеше. Трчавме, се боревме, дадовме се за да одиграме добар меч, но перформансите не беа добри. Феенорд ги искористи своите моменти, ние исто така имавме свои моменти но не ги искористивме“.
Match stats
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) January 22, 2025
9 big chances created by Bayern – 9 missed
3 created by Feyenoord – 3 scored pic.twitter.com/0MRHigrZlr